Слика

Тоалет-ни приказни

           Не секоја соба во нашиот студентски дом има WC со бања. Во блокот Г, студентите што живеат во помошните соби (остава, цртална, кујна) користат само едно кое се наоѓа на 5ти кат. Тоа е соба во која нема никакви услови за живеење и е пренаменета за јавно користење. Едно на 46 студенти кои живеат на различни катови. Значи ако седиш на 14ти кат – мисли му ја…
Continue reading

Ние студентите во Гоце.

Ние студентите, оние младите и перспективните со сјајна иднина, радо избираме да живееме во Гоце, а еве и зошто.

Уште при самото вселување во нашите соби, ние имаме шанса да го изучиме молерскиот, водоводџискиот и електричарскиот занает што во секој случај ги прави побогати нашите личности, а ние плениме со способности. Со огромно уживање ги преуредуваме нашите соби од корен за да станат макар за момент функционални. По оваа макотрпна, но крајно корисна работа, се упатуваме кон нашите купатила каде туширањето не е само рутина. Всушност, ние имаме шанса да ги зацврстиме нашите психички способности, со тоа што при секое туширање сме во стресна состојба на исчекување која цевка ќе ни падне врз глава. И сиот тој стрес, спартански го издржуваме туширајќи се со млака вода.

Continue reading