Отворено писмо до Кирил Спироски, претседател на СПУКМ

„Мислам дека актуелизирањето на оваа тема, што е проблем со години, не само на оваа, туку и на претходните влади, мислам дека е од политички причини. Она што ние го правиме како Студентски парламент е постојано да вршиме институционален притисок за да може да се реши проблемот со студентските домови и конкретно со Студентскиот дом Гоце Делчев и мислам дека ќе имаме позитивен ефект од сето тоа“ – изјави Спироски.

Господине Кирил Спироски, претседател на СПУКМ, со големо задоволство и гостопримливост ве покануваме на мала екскурзија низ студентскиот дом Гоце Делчев со целосен пансион.

Дојдете и туширајте се во нашите туш кабини, посетете ги нашите тоалети, чекајте до 40 мин. во редот за ручек кој однапред знаете дека е во одредени количини, а кога ќе снема за вас, земете ладен ориз, компир или макарони од вчера, чекајте саат време во бонската продавница за сок, паштета или зденка, а ако снема, вратете се во собата и дишете и спијте таму со влагата и печурките по ѕидовите, снаоѓајте се како знаете со прозорците од кои дува промаја, покривајте се со ќебиња на зима кога нема парно а греалката е забранета, заклучувајте се убаво за да не ве испокрадат било кои луѓе кои успеале да си влезат во домот зошто рецепцијата не работи и вработените се на пауза, хранете ги мачките по ходниците, идете секој ден пешки по скалите до 14ти спрат додека “работат” на поправка на лифтот, пробајте да најдете добра интернет конекција, идете по бањарка во Јануари долж ходникот на другиот крај за да се истуширате со и онака ладна вода, и многу слични наши секојдневни активности. Пробајте, и тогаш кажете ни со која партиска боја е обоена нашата туш кабина? Со која партиска боја е обоен компирот на 3 начини и ладниот ориз? Со која партиска боја се обоени празните фрижидери? Со која партиска боја се обоени прозорците со пур – пена и ладните радијатори? Со која партиска боја е обоена нашата реалност?

Господине Спироски, ФАКТИТЕ не можете и не смеете да ги негирате и извртувате, тие едноставно постојат и ви бодат очи! Срамота за вашата позиција и одговорност е истите да ги игнорирате! Супер е тоа што седнавте на фотељата и си ја уживате позицијата, ама не си ги заборавајте должностите! Немојте да заборавате дека вашата првична одговорност е да ги застапувате и поддржувате студентите, да го претставувате нивниот став, да им излезете во пресрет на барањата и проблематиките со кои се занимаваат и да им помогнете истите да ги решат! Студентите (оние кои вие би требало да ги застапувате) сега изложуваат конкретен проблем и бараат решение, а каде сте вие? Или имате некоја поважна работа?

Advertisements

Оставете коментар...

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s