Ние студентите во Гоце.

Ние студентите, оние младите и перспективните со сјајна иднина, радо избираме да живееме во Гоце, а еве и зошто.

Уште при самото вселување во нашите соби, ние имаме шанса да го изучиме молерскиот, водоводџискиот и електричарскиот занает што во секој случај ги прави побогати нашите личности, а ние плениме со способности. Со огромно уживање ги преуредуваме нашите соби од корен за да станат макар за момент функционални. По оваа макотрпна, но крајно корисна работа, се упатуваме кон нашите купатила каде туширањето не е само рутина. Всушност, ние имаме шанса да ги зацврстиме нашите психички способности, со тоа што при секое туширање сме во стресна состојба на исчекување која цевка ќе ни падне врз глава. И сиот тој стрес, спартански го издржуваме туширајќи се со млака вода.

Ние, студентите во Гоце, утрата ги започнуваме рано, најчесто околу 8 часот кога сите се упатуваме кон нашето бифе за да доручкуваме пред да заминеме на факултет. Е таму се создава историјата. Имено, секое утро го сведочиме успехот на неколкумина кои успеваат да земат парче од неколкуте пити бурек или парчиња мекици. Откако, нормално со поглед достоинствено им честитаме, стигнуваме на ред и имаме можност да бираме помеѓу грав и пилешка чорба. Толку се вкусни и двете јадења што ги јадеме секое утро, сите месеци, понекогаш и по два пати во денот.

По напорниот ден на факултет, ние, студентите во Гоце, имаме енергија да чекаме во редица, овојпат во мензата, дури и по половина час за да ручаме. Најчесто, кога ќе ни дојде нам редот, ручек (стек) нема, но тоа не ни претставува проблем бидејќи ние сме големи љубители на оризот, особено кога е ладен. На крајот на краиштата, секогаш можеме да свратиме до бифето на грав и пилешка чорба нели?

По вкуснииот ручек, многу често можеме да ја увидиме посветеноста на надлежните во поглед на нашиот физички изглед и кондиција со тоа што одлучуваат лифтот да не биде во фунцкија, па така ние имаме шанса да ги искачуваме безбројните скалила до 14 спрат.

Собите секогаш се исполнети со чист и доста свеж воздух благодарение на уникатните прозорци кои ни го овозможуваат тоа дури и кога се најцврсто затворени, додека пак вратите не‘ удостојуваат со вечна промаја.

Но сиот овој сарказам и не е нешто особено важен, само уште еден глас кој нема да биде чуен. Всушност, зошто воопшто некој би се интересирал за иднината на државата кога веќе толку многу се вложува во минатото? Кога ќе се сфати дека не и‘ недостасува историја на држава?

Advertisements

2 thoughts on “Ние студентите во Гоце.

  1. Петар напиша:

    Борбава е добро позната. Лесно е да си полтрон и фотељаш во сојуз, тешко е да се избориш против добро воспоставена машинерија на корупција и мрза. Мојата генерација потфрли…Можам само да ве советувам да бидете упорни и да немате страв од медиокритети и кукавици.

    Ми се допаѓа

Оставете коментар...

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s