Статус

Здраво…

Здраво, добар ден, извинете што ќе ви го реметам мирот и индиферентноста, ама ова е момент кога “ти пука филмот” и веќе не можеш да молчиш. Прво, основно и најбитно, сакам да им се обратам на младите, на студентите ( оние кои, нели, треба да бидат свеста и силата на едно општество, оние чии идеи го движат и поместуваат светот! ), до кога мислат да се согласуваат со се и сешто, до кога мислат апатично да (не) учествуваат во сопственото опкружување, до кога мислат да не коментираат, да не заземаат став за било што, а најмногу за работи што директно се однесуваат на нив? Ова општество пати од недостиг на младинска свест. Зошто?
Имам конкретна провокација и инспирација…


На сите ни е добро позната приказната за условите во студентските домови. Не е легенда ниту мит, туку реална приказна која ја живеат илјадници студенти со години. Сите знаат, тоа е факт, ама никој не мрда со прст. И така си проаѓаат години во полуразурнатите соби кои сами ги средуваме, се бориме со влага, пукнатини и промаја, се навикнуваме на распукнатите и со мов плочки и рѓосаните тушеви во вецињата, секој ден јадеме едноврсна и ладна храна со страв дека и тоа ќе го снема. И, како по дифолт се навикнуваме на тоа сценарио. Нема полошо од тоа – да свиткаш глава и да се навикнеш. И сите се жалат, и сите зборуваат, ама меѓусебно. Или тивко. За себе и со себе. Тешко е да си студент во Македонија. Имаш повеќе трошоци отколку бенифиции. Никакви услови. Дипломи за украс. Вработување…?! Демотивирачки но реално. Никаква мотивација и надеж. Како да сме подзаборавени и неважни. Како да не сме ние оние идните кои ќе управуваат со општеството, кои ќе го променат и допринесат за него!
Зошто популарно е да молчиш? Затоа што живееме во Македонија. Зашто сме навикнати да си трпиме и да сме зависни од некој. Зашто е подобро некој друг да ја заврши работата место нас. Зашто сме продадени души. Зашто се плашиме. Е, до кога бе!? Никој не го поставува тоа како генерален општествен проблем. А доколку некој проба да зборува гласно, го замолчуваат или игнорираат. Никој никого не слуша. Треба конечно да научиме да зборуваме гласно. Да дискутираме. Да се бориме за нашите права. Тапкањето по рамо не помага, не оди во прилог и не значи ништо. Поддршка значи зборување гласно и дејствување. Колку страшно тоа може да биде? Што може да се изгуби доколку имаш право, факти и чист образ? Зошто во 21 век да биде проблем да си го изразиш ставот? Зошто оние на кои им се обраќаш, не слушаат? Оние пред кои си немоќен и мал. Оние во чии раце си само пиунче. Или само бројка. Оние од кои зависиш и кои би требало да те слушнат. Оние чии ветувања се за твое добро, нели. Е,баш на тие сакам нешто гласно да им потшепнам – Немојте да се чудите зошто овие депресивни и апатични генерации чекаат да дипломираат и да си заминат од Вашата земја! Дозволете да предложам нешто – додека ние овде вистински го живееме реалното шоу “Survivor”, изградете по некој споменик и од нас. И ние сме херои. 😉

Нешто е гнило…

Advertisements

Оставете коментар...

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s