Отворено писмо до Кирил Спироски, претседател на СПУКМ

„Мислам дека актуелизирањето на оваа тема, што е проблем со години, не само на оваа, туку и на претходните влади, мислам дека е од политички причини. Она што ние го правиме како Студентски парламент е постојано да вршиме институционален притисок за да може да се реши проблемот со студентските домови и конкретно со Студентскиот дом Гоце Делчев и мислам дека ќе имаме позитивен ефект од сето тоа“ – изјави Спироски.

Господине Кирил Спироски, претседател на СПУКМ, со големо задоволство и гостопримливост ве покануваме на мала екскурзија низ студентскиот дом Гоце Делчев со целосен пансион.

Continue reading

Status

Изјава

          Бидејќи до нас почнаа да пристигнуваат информации дека нашите постови се појавуваат и на профили на одредени политички партии и политичари, ние како Операција Студентски Дом уште во старт изјавуваме дека не сме формирани за собирање на политички поени и најостро ги отфрламе и се оградуваме од сите обиди за квалификација на нашето движење и постоење како политичка пропаганда и поистоветување со одредена политичка партија. Истото важи и за медиумите.
Единствено сакаме да биде прикажана нашата искрена желба и намера за промена оваа студентска иницијатива да придонесе кон подобрување на состојбата без притоа да се спинуваат и извртуваат работите и реалната ситуација со цел да не се злоупотребат целите наведени погоре.

Ви благодариме!

20 часа реалност за светот…

20 часа и 680 000 прегледи на imgur.com, а пост има и на reddit.com како и на businessinsider.com, споделувањата на Фејсбук, едвај можат да се сумираат и македонските портали информираат а студентите од повеќе деценискиот сон се разбудија. И што е најбитно се разбудија од своите кои се најдоа од потешка состојба од обично, од потребата да живеат во студентски дом кој не задоволува никакви услови за нормален живот.
Continue reading

Студентска Солидарност

Да читаме и пишуваме повеќе вакви текстови, сега е време за студентска солидарност, за сполотеност, за заеднички труд, за заедничка борба за она што го заслужуваме. Само со стремеж кон целите за вистински вредности ние младите ќе покажеме дека сме иднината на која општеството ќе може да се гордее.

TheErminK

Гоце

Не сакам да спомнуваме муабети провинцијалци , скопјанишча , албанци и сл.
Сакам да им докажеме дека студентите се движечка сила и во Македонија.
Земја за која што светот мисли дека е полна со овци, кои не можат или не сакаат да се борат за правата свои но и за другите.

View original post 281 more words

Image

Тоалет-ни приказни

           Не секоја соба во нашиот студентски дом има WC со бања. Во блокот Г, студентите што живеат во помошните соби (остава, цртална, кујна) користат само едно кое се наоѓа на 5ти кат. Тоа е соба во која нема никакви услови за живеење и е пренаменета за јавно користење. Едно на 46 студенти кои живеат на различни катови. Значи ако седиш на 14ти кат – мисли му ја…
Continue reading

Другата страна на проблематиката

          Има една стара поговорка која гласи: „Наведната глава, сабја не ја сече“. Па така очигледно мнозинството од студенти волно или неволно многу убаво си ја наимаат научено оваа поговорка, и тоа наизуст, напамет, како Оче наш. Знаеме дека државата кренала раце од студентите и дека тие се ставени на последното отворче од свиралото и се заборава фактот дека тие се иднината на оваа каква, таква земја. Но тоа се приказни кои веќе секојдневно се трубат. Веќе изгледаат мелодраматични и патетични. Некој ќе се потресе, некој не го допира ништо, некој ќе се зачуди, но во глобала никој не превзема ништо, ама баш ништо. Особено не самите студенти. Поразителен факт.
Continue reading